Skopje, Macedonia
info@cosmos.mk
+389 78 399 873

Услови за користење

Услови и Правила за користење

Ве молиме внимателно прочитајте ги условите и правилата за користење на интернет продавницата.

 

Правила за Корисниците

Сите цени во оваа Интернет Продавница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.

Космос Груп ДООЕЛ го задржува правото да врши промена на цените без претходна најава.

Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 1 до 3 работни дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација, на домашна адреса или во локалната пошта. Доставата се врши до сите градови низ Македонија. За сите делови надвор од градовите доставата не се наплаќа дополнително. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот, освен ако не е поинаку назначено. Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот на денот на прием на нарачката, освен во случај ако нарачката ја имате платено со кредитна картичка или со банкарски трансфер.

По извршувањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена, истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата. Исто така доколку нарачувате прв пат, автоматски ќе ви биде генериран и профил, кој ќе може да го користите за сите идни нарачки.

По комплетирањето на нарачката (процесирање), ќе добиете и e-mail порака за потврда, која ќе ги содржи деталите од нарачката.

Производот кој не ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.

Во случај да барате враќање на парите, тоа право ќе можете да го остварите само ако производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура (фискална сметка) во период од 7 дена од приемот на производот. Трошоците за поштарина се на ваша сметка. Парите ќе ви бидат пратени исклучиво на Вашата трансакциска сметка.

 

Информации за Испорака

Производите нарачани на оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна служба.

Нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 1 до 3 дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација. (Во исклучителни околности кои не зависат од нас, доколку е потребно повеќе време за испорака, навремено ќе бидете известени.) Ќе ви се јават од доставната служба на телефон за да се договорите околу преземањето на пратката. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.

Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса, со кредитна картичка или со банкарски трансфер (вирмански).

Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.

Правило на Интернет Продавницата е пред испорака сите нарачки да се потврдуваат телефонски. Императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу преземањето на истата.

 

Приватност

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со заштитата на личните податоци.

 

Прибирање и обработка на лични податоци

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. Космос Груп ДООЕЛ не собира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога нарачувате или се пријавувате.

 

Употреба и чување на личните податоци

Космос Груп ДООЕЛ ќе ги употреби вашите лични податоци исклучително за испорака и наплата на вашата нарачка и за технички потреби за интернет страницата за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со вас. Космос Груп ДООЕЛ нема да ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ќе ги користи исклучиво за технички потреби, испорака и наплата на нарачката. Космос Груп ДООЕЛ во целост ја почитуваа доверливоста на вашите лични податоци.

 

Малолетници

Космос Груп ДООЕЛ им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на Космос Груп ДООЕЛ без дозвола од нивните родители или старатели. Космос Груп ДООЕЛ никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

 

Безбедност

Космос Груп ДООЕЛ се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

X